2 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпрогрес доо со добри практики од областа на безбедност и здравје при...

Макпрогрес доо со добри практики од областа на безбедност и здравје при работа

По повод 28 април- Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика, заедно со  Националниот совет за безбедност и здравје при работа и со поддршка на Кацеларијата “Friedrich Ebert Stiftung” Скопје вчера организираа настан за одбележување на овој датум.

Под мотото “Заедно за безбедна и здрава работа во иднина” осврнувајќи се на значењето, улогата и неопходното унапредување на безбедноста и здравјето при работа, прилагодено и кон крупните промени кои се случуваат во однос на работата беа истакнати залагањата на компаниите во изминатата 2018 година.

Компанијата Макпрогрес доо Виница имаше висока оценка на објавената ранг листа во категорија на големи компании и доби благодарница за континуирани напори за подобрување и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и креирање на здрава и безбедна средина за вработените.

“Ова е само дополнителен мотив да продолжиме со нашите заложби и спроведување на практични решенија кои ја поттикнуваат отворената комуникација на сите нивоа во компанијата како и за унапредување на условите на вработените кои се нашата најголема вредност.” велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП