20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla такси без возач пристигнува на улиците следната година (видео)

Tesla такси без возач пристигнува на улиците следната година (видео)

Илон Маск објавил дека во 2020 година во САД ќе лансираат т.н. “роботакси” услуга со самовозечки автомобили кои наместо човек од крв и месо ќе управува компјутер.

Говорејќи на настанот “Tesla Autonomy Day”, Маск изјавил дека автономните такси возила ќе се најдат на улиците на одредени градови во САД, и најавил дека “најверојатно за 2 години” Tesla ќе направи самовозечки автомобили кои нема да имаат ни волан, ни педали за ножни команди.

Првиот човек на Tesla изјавил дека неговата компанија ќе се фокусира на системите на “целосно автономно возење”.

Овој компјутер од 20 март веќе се инсталира во автомобилите Model S и Model X, а од средината на април и во Model 3.

Според соопштението, новиот чип кој го произведува компанијата Samsung, во Тексас ќе овозможи на Тесла автомобилите највисок степен на автономија.

Колку за потсетување, американскиот производител на луксузни електрични автомобили претходно најави дека неговото возило ќе биде опремено со систем за целосно автономно возење во 2018 година, но не успеа да го реализира овој план во пропишаниот рок.

Погледнете како функционира овој систем во Model 3:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП