28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp добива опција која блокира копирање на разговори

WhatsApp добива опција која блокира копирање на разговори

WhatsApp спремил ново ажурирање за бета верзијата на апликацијата која би требало да ја подобри безбедноста на корисниците, тоа што за активирање ќе бара отпечаток од прст и ќе спречи правење на скриншот.


Новата опција за проверка на автентичност сè уште не пристигнала до корисниците, а кога ќе се случи, за отварање на апликацијата ќе биде потребен отпечаток од прст како дополнителна мерка за безбедност. Штом ќе се активира опцијата, корисничките разговори ќе бидат побезбедни, бидејќи новиот систем за автентичност ќе ги спречува корисниците да ги копираат разговорите и да ги испратат на трето лице. Покрај тоа, пристигнува и опција благодарение на која апликацијата ќе се заклучува по една минута од последната порака.

Иако WhatsApp ја поддржува end-to-end енкрипцијата, напаѓачите можат да пристапат до пораките ако имаат физички пристап до некој уред и заклучиле дека се потребни дополнителни безбедносни мерки. Заклучувањето преку отпечатокот на прст било направено уште во јануари, а кога ќе се појави ќе биде достапно во Settings >Account >Privacy.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП