Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,095.37 -0.24%    GRNT 917.56 -0.21%    KMB 5,421.26 -0.95%    MPT 63,471.43 0.48%    MTUR 5,250.00 -3.67%    RMDEN16 98.50 0%    RMDEN17 98.30 1.34%    STB 1,043.41 -1.58%    TEL 303.00 -2.26%    TNB 17,027.50 -0.48%    

Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз од 23%, раст на консолидираната нето добивка од 19%, инвестиции во износ од 194 милиони денари и 55 нови вработувања во периодот јануари – март 2019-та

Време: 09:55

Датум: април 25, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2019 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 2.101.073.373 денари, што е за 14% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 422.772.099 денари, бележи зголемување од околу 16%, единечната нето добивка изнесува 247.475.979 денари и истата е зголемена за 15%.

Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.833.475.867 денари, што е за 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 2%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23%. Од вкупните консолидирани продажби, 32% се остварени на домашен пазар, додека 68% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 31%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 10%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 24% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 81.096.751 денари што е 4,8 пати повеќе од лани,  потоа во Грузија со продажби од 9.428.863 денари што претставува зголемување од 2 пати и Полска со продажби од 19.183.607 денари што претставува раст од 72% споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Унгарија раст од 63%, Русија раст од 58%, Украина раст од 57%, Бугарија раст од 49%, Германија раст од 42%, Ерменија раст од 36%, Словенија раст од 22%, Романија раст од 19%, САД раст од 14% итн. Повисокиот раст на продажбите во првиот квартал од 2019 година делумно се должи на задолжителната серијализација на производи за пазарите од ЕУ која започна на 09.02.2019 година.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 20%, Кардиолошките препарати со 17%, Антибиотиците со 19%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 2%, Козметика со 7% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 490.980.742 денари бележи раст од 19%, додека нето консолидираната добивка во износ од 294.542.101 денари е зголемена исто така за 19%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2019 година изнесуваат 193.866.065 денари.

Во периодот јануари – март 2019 година во Алкалоид се реализирани 55 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Со Одлука на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2019 година, одобрен е и исплатен, регрес за користење на годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 27.709 денари бруто, односно 24.938 денари нето.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Првата ”жртва” на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се купи

    Првата ”жртва” на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се купи

    Судбината на паметниот телефон Honor 20 Pro, кој во вторникот се најави од Honor Huawei, а кој е еден од првиот избор за купувачите со…

  • Bosch казнет со 90 милиони евра поради “дизелгејт”

    Bosch казнет со 90 милиони евра поради “дизелгејт”

    Германското обвинителство соопшти денеска дека компанијата за производство на автомобилски делови и технологија “Robert Bosch” е казнета со 90 милиони евра поради својата улога во…

  • Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје вредна неколку десетици милиони евра

    Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје вредна неколку десетици милиони евра

    Договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје денеска е потпишан со германската фрмацевтска компанија Герешајмер која во повеќе…

  • Групацијата Volkswagen го намали изборот: Škoda ќе гради нова фабрика во Турција или Бугарија

    Групацијата Volkswagen го намали изборот: Škoda ќе гради нова фабрика во Турција или Бугарија

    Најголемиот чешки производител на автомобили Škoda од Млада Болеслав, својата нова фабрика ќе ја гради во Турција или во Бугарија. Засега не е познато дали…

  • НЛБ Банка – носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

    НЛБ Банка – носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

    Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше…

  • Amazon ги претвора бизнис задачите во видео игри

    Amazon ги претвора бизнис задачите во видео игри

    Работните услови во магацините на Amazon се прилично остри, па компанијата измислила нови тактики за кои се верува дека ќе го олесни животот на вработените. Тие…

  • Huawei најави сопствен оперативен систем на пролет 2020 година

    Huawei најави сопствен оперативен систем на пролет 2020 година

    Кинеската компанија Huawei би можела да претстави сопствен оперативен систем најдоцна на пролет следната година, откако му било оневозможено користење на оперативниот систем на Android,…

  • И Panasonic ја прекинува соработката со Huawei

    И Panasonic ја прекинува соработката со Huawei

    Јапонската компанија „Panasonic“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Huawei“, откако САД воведоа рестрикции за извоз за таа…

  • Avon го лансира Attraction Sensation, првиот мирис кој ги буди 5-те сетила

    Avon го лансира Attraction Sensation, првиот мирис кој ги буди 5-те сетила

    Неодоливиот акорд на кожа е во срцето на Attraction Sensation за НЕА и НЕГО, поврзувајќи ги партнерите со интензивна и стимулирачка моќ која е едноставно…

  • Телеком ја претстави Price Hero, првата корисничка апликација со проширена реалност (Augmented Reality) во Македонија

    Телеком ја претстави Price Hero, првата корисничка апликација со проширена реалност (Augmented Reality) во Македонија

    Price Hero е новата апликација на Македонски Телеком која преку виртуелни и интерактивни информации ќе им помага на корисниците да го изберат својот нов смартфон…