24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony го претставува телевизорот од 70.000 долари

Sony го претставува телевизорот од 70.000 долари

Sony конечно претстави детали за цената и достапноста на својот овогодишен асортиман, така што сите оние кои планирале да го купат нивниот предводник на модел конечно ќе дознаат колку ќе чини…

8K LED/LCD телевизорот од 98 инчни на славниот јапонски бренд е главниот адут за оваа година, а чини неверојатни 70.000 долари. Да ви дадеме мал контекст, овој телевизор чини повеќе од моделот на Corvette, кој, како што знаете e автомобил со високи перформанси. Сепак, тоj е малку поевтин од Samsung Q900 кој чини 100.000 долари.

Телевизорот е опремен со Sony X1 Ultimate процесор, кој ќе ви понуди неверојатни содржини и ќе пополни 33 милиони пиксели, бидејќи 8K видео материјалот сеуште е ретко достапен. Интересно е што истиот процесор се наоѓа во некои 4K модели на овој бренд, за кој знаеме дека навистина добро ја извршува својата работа.

Додека се движиме околу новиот асортиман на Sony телевизорите, цените значително се намалуваат, па 85 инчниот модел од Master Series Z9G чини релативно прифатливи 13.000 долари. Разликата од 57.000 долари во цената покрива разлика од само 13 инчи во дијагонала. Следно во понудата се телевизори, кои можат да ви понудат 4K содржина, со Master Series A9G OLED линија, кој чини малку повеќе од минатогодишната A8F, со почетна цена од 3.500 долари за верзијата од 55 инчи, а се движи до 8.000 за модел од 77 инчи.

Заедно со истиот Pictrue Processor X1 Ultimate чип кој се наоѓа во Master Series Z9G линијата, телевизорите поседуваат Netflix Calibrated режим на работа, IMAX Enhanced и AirPlay 2, како и HomeKit поддршка што ќе дојде како унапредување многу брзо.

На дното на новата постава која е составена од 17 модели се наоѓа X800G HDR 4K телевизор, кој чини 650 долари за верзијата од 43 инчи, односно 2.000 долари за верзијата од 75 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП