
Во Скопје вакцинирани се 12.468 деца на возраст до 14 години од 16.361 невакцинирано дете. Во останатите центри за јавно здравје низ целата држава, вакцинирани се 7.776 деца од 26.495 невакцинирани деца. Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата, изјави за МИА членот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, д-р Владимир Микиќ.

