3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБМВ Серија 2 ќе се појави на пазарот во мај 2014-та

БМВ Серија 2 ќе се појави на пазарот во мај 2014-та

1372394631_2

Според најновите информации, БМВ Серија 2 купе ќе излезе на пазарот во мај 2014-та година.

Овој модел своето официјално деби пред јавноста ќе го има во септември на авто-саемот во Франкфурт. Веднаш штом ќе се појави на пазарот БМВ ќе започне со работа и на кабриолет верзијата, која според гласините ќе биде со мек покрив.

Двете варијанти ќе бидат понудени стандардно со пренос на задните тркала, но исто така на купувачите ќе им биде понуден и системот „xDrive“ кој овозможува погон на сите четири тркала. БМВ 2 Серија во купе верзијата понудена е со моторите 220d, 218i и 225i.

На нив ќе бидат додадени и помоќните верзии, како што се M235 и M235 xDrive. Најверојатно М2 верзијата ќе се појави во 2015-та година.

Според информациите кои пристигнуваат од баварскиот автомобилски гигант цената на овој модел ќе биде помалку од 50.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП