19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.04.2019

Дневен хороскоп 23.04.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе биде подобро да останете мирни и да не реагирате. Секогаш е тешко да се откажете, но важно е да се фокусирате на она што ви се случува во моментот. Не се затворајте дома и излезете, комуницирајте, бидејќи може да научите мнгу важни лекции кои ќе ви бидат од корист.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете трпеливи, бидејќи може да се исцрпите докрај ако продолжите со расправиите. Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Борете се со сета сила ако сакате да успеете. Не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Послушајте совет од блиските кои ќе ви помогнат со помалку напор да завршите повеќе работи. Денес не навлегувајте во непотребни конфликтни ситуации, останете смирени, без разлика на големината на проблемот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес е можно еден ваш пријател да ви побара пари на заем. Тој навистина се наоѓа во тешка ситуација и би требало да му помогнете. Меѓутоа вие ќе бидете во дилема затоа што не знаете дали воопшто ќе ви ги врати и како на тоа ќе реагира партнерот. Ако сте слободни, одамна имате симпатии кон една личност којашто е во врска.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви пречи несериозноста спрема работата на другите. Не сакате да се расправате, па го потиснувате незадоволството. Сакате нешто да промените и ќе ви успее тоа. Исполнете ги сите обрски на работа, не ги одложувајте предметите за наредната година, тоа лошо ќе се одрази на вашата кариера.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ова е одличен момент да почнете да заработувате. Многу вложувавте, па нормално е да ви се врати. Потрудете се да не се расправате со соработниците. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни. Поведете повеќе сметка за неконтролираното трошење и заштедете некој денар.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ситуацијата на работното место ви е многу добра. Претпоставените многу ви веруваат и ви даваат поддршка. Денес ќе имате уште еден доказ за тоа. Ќе ви биде доверена задача која за вас ќе претставува голем предизвик. Денес ќе бидете изненадени и од поголема сума на пари. Се работи за средства кои ќе ги добиете однапред, за некоја работа која допрва треба да ја сработите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некои помали промени на работното место ќе ви дадат додатна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите од досада. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете таинствени и колегите нема да ги известите за вашите намери. Внимавајте што зборувате затоа што соговорникот може да се најде навреден од некои ваши размислувања. Внимавајте и на возењето. Патиштата се во лоша состојба и можни се проблеми.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес може да се случи една женска личност да се обиде да ве повреди. Нејзе не и се допаѓаат вашите ставови и таа ќе се обиде на таен начин да ве попречи во остварувањето на вашите планови. Ако сте осамени, денес можете да сретнете една интересна и амбициозна личност. Средбата ќе биде ненадејна и ќе ве вознемири. Можно е да се претвори во вистинска љубов.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се уште не сте подготвени вашите планови да ги изнесете пред колегите. Имате многу убави идеи за тоа како би требало да се одвива работата, но сметате дека климата е таква и нема да бидат прифатени. Заради тоа во последно време повеќе сте свртени кон домот и целата ваша креативност е свртена кон него. Ако планирате да градите или да реновирате, веќе е време за правење идејни планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП