25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia планира нови GT модели

Kia планира нови GT модели

kia pro ceed gt 54

Најновите извештаи велат дека корејската авто-компанија „Kia“ сериозно размислува за проширување на понудата на своите „GT“ модели. Извори блиски до компанијата наведуваат дека можноста за лансирање на нови „GT“ модели ќе зависи од пазарниот успех на „cee’d GT“ и „pro_cee’d GT“.

Истиот извор истакнува дека евентуалниот „Rio GT“ би станал директна конкуренција на моделите „Peugeot – 208 GТi“ и „Ford Fiestа ST“. Сепак се очекува споменатиот модел да биде послаб од двата ривала, но тој недостаток би се компензирал со пониската цена.

Иако засега помоќната верзија на моделот „pro_cee’d GT“ се уште официјално не е планирана, некои од инженерите на корејскиот производител тврдат дека моќта на 1.6 литарскиот T-Gdi турбо-мотор би можела значително да се зголеми од сегашните 201 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП