29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft превзема компанија која се занимава со ioT секторот

Microsoft превзема компанија која се занимава со ioT секторот

Microsoft на 18 април објави дека ја купува Express Logic, компанија од Калифорнија која е специјализирана за развој на оперативни системи во реално време (RTOS) за IoT уреди, како и уреди кои се базирани на микроконтролори. Условите на договорот не се објавени.

Најпознатиот производ кој Express Logic го нуди на пазарот е ThreadX RTOS наменет за широкиот спектар на уреди, од оние кои се слаби со само 64 KB внатрешна меморија па до многу посилни уреди.

Финансиските детали за оваа аквизиција не се познати, но компанијата од Редмонд на овој начин ќе го зголеми бројот на уреди кои се поврзани на Azure заедно со новите паметни можности кои ќе бидат додадени во иднина.

ThreadX RTOS ќе послужи како опција за процесирање во реално време на Azure Sphere уредите, а уредите базирани на ThreadX RTOS ќе се поврзат на Azure Edge IoT уреди. За овој сектор Microsoft во наредните четири години планира да издвои околу пет милијарди американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП