27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАпсолутен триумф на Jaguar на Светскиот избор на автомобил на годината!

Апсолутен триумф на Jaguar на Светскиот избор на автомобил на годината!

Електричниот Jaguar I-Pace ја обедини титулата на автомобил на годината, откако во март беше прогласен за ”Автомобил за 2019 година” во Европа, сега истото признание го доби и на светско ниво.

Jaguar I-Pace ја освои титулата “Светски автомобил за 2019 година”, пред Audi e-tron и моделот Volvo S60/V60, а ова престижно признание му било доделено на автомобилскиот саем во Њујорк.

За победникот одлучувало жири составено од 86 меѓународни автомобилски новинари, а посебно куриозитет претставува податокот дека пред само еден месец Jaguar Electric Crossover победи и на европскиот избор за ”Автомобил за 2019 година”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП