28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАналитичарите предвидуваат: Apple ќе има лош втор фискален квартал

Аналитичарите предвидуваат: Apple ќе има лош втор фискален квартал

На почетокот на годината се случило нешто што ретко кој можел да очекува, пристигнала вест дека Apple за време на сезонскиот одмор ја намалил продажбата на мобилни уреди, а со тоа и на приходите. Наместо очекуваните 89-93 милијарди долари, Apple остварил приход од ,,само” 84 милијарди долари, што резултирало со пад на вредноста на акциите на компанијата за 9 проценти.

Аналитичарите сега повторно предвидуваат слично сценарио. Имено, според аналитичарите од OTR Globe и Wall Street, Apple повторно ќе испорача помал број на iPhone-и. И додека аналитичарите се согласуваат дека Apple повторно ќе потфрли, не се согласуваат со бројот на испораките на iPhone.

OTR Global предвидува испорака помеѓу 37 и 42 милиони iPhone телефони за време на вториот фискален квартал, додека Wall Street е пооптимистичен предвидувајќи испорака помеѓу 40 и 45 милиони iPhone-и.

Apple воведе практика повеќе да не го објавува бројот на испорачани мобилни телефони туку само приходот од нивната продажба. Причината за ова е очигледна, сè помал број на продадени iPhone телефони.

Но, помала продажба делумно ја решава со повисоки цени па Apple повторно се најде тука некаде во калкулациите.

Овој пат Apple предвидува дека во вториот фискален квартал приходите ќе бидат помеѓу 55 и 58 милијарди долари, со маржа меѓу 37 и 38%.
Но, предвидувањата се едно, а остварените приходи се сосема друго. Ќе треба ли Тим Кук повторно да мора да испраќа специјални писма до акционерите како што мораше тоа да го прави после сезонскиот пад, ќе се знае на 30 април кога Apple ќе го објави официјалниот извештај поврзан за остварените приходи во текот на вториот фискален квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП