Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,095.37 -0.24%    GRNT 917.56 -0.21%    KMB 5,421.26 -0.95%    MPT 63,471.43 0.48%    MTUR 5,250.00 -3.67%    RMDEN16 98.50 0%    RMDEN17 98.30 1.34%    STB 1,043.41 -1.58%    TEL 303.00 -2.26%    TNB 17,027.50 -0.48%    

СБ: Создавање на можности за сите преку сеопфатен и одржлив раст во Северна Македонија

Време: 09:44

Датум: април 19, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст во Република Северна Македониjа преставува цел на новата четиригодишна рамка за партнерство со земјата, одобрена денес од страна на Бордот на извршни директори на Групацијата Светска банка. Стратегијата има за цел да ја поддржи програмата и среднорочната стратегија на Владата преку создавање на повеќе можности за подобрување на животниот стандард на граѓаните и забрзување на конвергенција на приходите со Европската унија.

„Решавањето на спорот со името отвара нови можности за раст во Северна Македонија“, рече Линда Ван Гелдер, регионален директор за Западен Балкан. „Многу сме задоволни што сме во партнерство со земјата во овој историски момент и ќе продолжиме да помагаме за да ги искористи можностите за изградба на енергична и инклузивна економија која е целосно поврзана со регионот и светот“.

Новата Стратегија има три фокусни области. Првата област ќе го подобри опкружувањето за конкурентен приватен сектор преку зголемување на поврзаноста и подобрување на пристапот до пазарите, помагајќи им на бизнисите да станат поиновативни, продуктивни и конкурентни и создавање на повеќе и подобри работни места за луѓето.

Втората област ќе ги поддржи инвестициите во човечки капитал со фокус на подобрување на обуката за образованието и вештини, обезбедување на подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување за поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област ќе ја поткрепи фискалната одржливост и одржливоста на животната средина преку зајакнување на управувањето со јавни финансии и забрзување на транзицијата на земјата кон поодржлива комбинација на енергетски извори. Предизвиците од климатските промени ќе се решаваат преку инвестиции во енергетската ефикасност, обновлива енергија и транспорт и земјоделие кои се отпорни на климатски промени.

Стратегијата, во рамките на сите три фокусни области, поддржува реформи на политиките со цел унапредување на пристапната агенда на Северна Македонија кон Европската унија, дополнувајќи ги и зајакнувајќи ги напорите на Владата и останатите развојни партнери.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, ќе бара дополнителни можности за мобилизирање на странските директни инвестиции со цел да се генерира раст и извоз, како и да се подобри учеството на малите и средни прептријатија во синџирот на снабдување. ИФЦ исто така ќе го поддржи олеснувањето на трговијата и логистиката за подобрување на поврзаноста со извозните пазари и ќе го вклучи приватниот сектор во поддршка на енергетската транзиција.

„Целта на ИФЦ е да се ослободи моќта на приватниот сектор за да се забрза одржливиот економски раст и да се создадат можности за работни места“, рече Томас Лубек, региноален менаџер на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа. „Ќе се фокусираме на поддршка на раст предводен од извоз, забрзување на транзицијата кон обновлива енергија и подобрување на финансиската инклузивност и ефикасноста на финансискиот сектор“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Трамп договори нов бизнис: Јапонија купува авиони F-35

    Трамп договори нов бизнис: Јапонија купува авиони F-35

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил денеска дека Јапонија планира да купи 105 борбени авиони од американскиот производител F-35, што значи дека ова ќе биде најголема флота…

  • МФ: Отсега може да се аплицира за субвенциониран станбен кредит по камата од 2,9%

    МФ: Отсега може да се аплицира за субвенциониран станбен кредит по камата од 2,9%

    Граѓаните отсега можат да аплицираат за новите и подобрени услови за субвенциониран станбен кредит. Со објава на законските измени во Службен весник стапуваат на сила…

  • Колку ќе ја чинат Европската унија новоизбраните пратеници?

    Колку ќе ја чинат Европската унија новоизбраните пратеници?

    Изборите за Европскиот парламент се завршени, а новите пратеници ќе ја чинат Европската унија цело богатство. За пет години, секој од 751 пратеници ќе добие…

  • Европски избори: ЕУ во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите

    Европски избори: ЕУ во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите

    Институциите на Европската унија во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите, но ќе мора да се вклучат и либералите, кои постигнаа голем…

  • Изутринава почувствуван земјотрес во Пехчево

    Изутринава почувствуван земјотрес во Пехчево

    Изутринава бил почувствуван земјотрес во околината на Пехчево со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

  • Научниците ја решиja мистеријата: Накитот на Тутанкамон има вонземјанско потекло

    Научниците ја решиja мистеријата: Накитот на Тутанкамон има вонземјанско потекло

    Австралиските истражувачи ја решија загатката што повеќе од 100 години ги интригира научниците. Тие открија дека стаклото откриено во накитот на египетскиот фараон Тутанкамон е…

  • РКЕ првпат ќе ја одреди цената на горивата по новата методологија

    РКЕ првпат ќе ја одреди цената на горивата по новата методологија

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе ја усвои новата методологија за пресметка на цените на нафтата и нафтените деривати и почнувајќи од денеска секој понеделник…

  • Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и…

  • МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската федерација од понеделник целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје. Конкретно, од понеделник од…

  • Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Судот и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со користење на парите од фондот на Министерството за одбрана за изградба на…