Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,301.16 -0.35%    FERS 59,500.00 8.06%    GRNT 975.00 -1.57%    KMB 5,882.48 -0.26%    MPT 67,967.90 -0.05%    RZEK 68.00 41.67%    SBT 2,765.00 -2.98%    STB 1,183.55 2.97%    STIL 66.00 9.2%    TNB 16,102.00 -1.21%    TTK 1,250.00 2.46%    UNI 2,075.64 -0.22%    

Алкалоид ја проширува програмата за практикантство и со средните училишта

Време: 14:00

Датум: април 18, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

По успешната имплементација на програмите за практиканство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“одлучи соработката од овој вид да ја прошири и со средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата потпиша меморандуми за соработка со две средни училишта на територијата на град Скопје: средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири – Склодовска“.

„Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, каде добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на младите, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет а при тоа да се има обостран бенефит, одлучивме да ги отвориме вратите и за практична соработка со средните стручни училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации на миленијали ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и стекнување на нови практични вештини рамки на реални процеси“ – изјави г. Живко Мукаетов, Генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“.

За целите на спроведување на проектот, кој е верифициран од страна на „Стопанската комора на Македонија“ а поддржан и од управата на „Град Скопје“ денес во седиштето на „Алкалоид“ беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу компанијата и образовните институции:

„Оваа програма за изведување на практична настава отвора нова можност за учениците да стекнат практични вештини, знаења и искуства во оваа компанија. Верувам дека учениците ќе ја искористат оваа можност и стекнувајќи практично искуство, ќе ја зголемат својата атрактивност на пазарот на труд по завршувањето на образованието“ – изјави г. Блерим Небиу, директор на СУГС „Марија Кири – Склодовска“.

Според ВД директорката на средното медицинско училиште„Д-р Панче Караѓозов“, г-ѓа Маја Салиу, потпишувањето на Меморандумот за соработка со „Алкалоид АД Скопје“ е резултат на зедничката визија за поттикнување на вработливоста на младите:

„Стратешка ориентација на нашето училиште е да се продуцираат стручни кадри кои ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот преку стекнување вештини низ практична работа во реални услови. Сето ова е во насока на воспоставување систем на дуално образование во склоп на заложбите за одржлив економски раст и развој“ – истакна Салиу.

Поаѓајќи од фактот дека квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економски развој на секој град и држава а во насока на унапредување на стандардите на образовните услуги во средните училишта и подигање на компетенциите на учениците раководителката на секторот за образование на „Град Скопје“, г-ѓа Даниела Адамова изјави:

“Наша цел е преку поддршката на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, да креираме сопствени модели на соработка со бизнис заедницата кои ќе ги рефлектираат нашите специфични потреби за ефикасен и продуктивен образовен систем“.

Првиот циклус од програмите за практиканство „Алкалоид АД Скопје“ и Универзитот „Св. Кирил и Меториј“ го отпочна во април 2018 година. Преку истиот, 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за Компанијата. Целта на новиот циклус на практиканство со средните училишта е да се поттикне развојот на младите стручни кадри преку нивен активен ангажман во автентични процеси. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од Компанијата, а првата група од околу петнаесетина практиканти се очекува да отпочне со практичната обука кон средината на месец јуни оваа година.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Boeing повторно започна со производство на авионите 737 MAX

    Boeing повторно започна со производство на авионите 737 MAX

    Американскиот производител на авиони Boeing повторно почна со производството на патничките авиони 737 MAX, кои беа суспендирани во јануари, објави агенцијата Anadolu. Производството на овие…

  • Burger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на дистанца

    Burger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на дистанца

    Burger King во Германија воведе џиновски картонски круни за да ги принуди луѓето да стојат на доволно растојание едни од други, пренесува mymodernmet.com. Многу ресторани ширум…

  • Авио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

    Авио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

    Американската компанија Boeing има намера во наредните недели да отпушти околу 12.000 работници во Соединетите држави, објави BBC. Компанијата објави дека оваа недела ќе информира за…

  • Компанијата Apple повторно отвора околу 100 свои продавници во САД

    Компанијата Apple повторно отвора околу 100 свои продавници во САД

    Компанијата Apple најави отворање на околу 100 свои продавници во САД, објави Reuters. По прогласувањето на пандемија од коронавирус, раководството на Apple нареди затворање на…

  • Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

    Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

    Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го најави започнувањето на официјалната продажба на домашниот пазар на новите модели од својата Lifestyle линија на телевизори за 2020…

  • Adria Airways продава се, дури и профили на социјалните мрежи

    Adria Airways продава се, дури и профили на социјалните мрежи

    Официјалните профили на социјалните медиуми на Adria Airways на Facebook, Twitter и LinkedIn се објавени на продажба како дел од стечајната постапка на пропаднатата авиокомпанија. Заинтересираните купувачи имаат…

  • ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

    ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

    ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод…

  • Како до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

    Како до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

    Вклучете се во Lyconet мрежата и заработувајте брзо и лесно од удобноста на вашиот дом Моменталната ситуација со пандемијата и порастот на невработеноста, дополнително ги…

  • Mobile – Ново постпејд портфолио на Македонски Телеком

    Mobile – Ново постпејд портфолио на Македонски Телеком

    15 GB мобилен интернет и дополнителни придобивки по избор секој месец Во овие времиња, многу работи се променија, а многумина препознаа можност да научат нешто…

  • Nestle во Кина инвестира 102 милиони долари во производство на вегетаријанска храна

    Nestle во Кина инвестира 102 милиони долари во производство на вегетаријанска храна

    Швајцарски Nestle договори соработува со економскo-технолошката развојна зона Тијанџин (TEDA) за изградба на фабрика со годишен капацитет на производство од 8 илјади тони. Првата фабрика на…