28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУченици од Скопје и Кочани добија стипенди за школување во гимназијата „Нова“

Ученици од Скопје и Кочани добија стипенди за школување во гимназијата „Нова“

Меѓународното училиште „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ годинава по 15. пат доделија три целосни стипендии за четиригодишно школување на талентирани ученици од Македонија. Лука Павиќевиќ од основното училиште „Мирче Ацев“ и Галена Јованоска од „Кочо Рацин“ во Скопје како и Андреј Давидков од „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани остварија највисоки резултати во процесот на селекција и ќе го продолжат школувањето во оваа меѓународната образовна институција.  

Повеќе од 220 основци учествуваа во изборот која се одвиваше во два круга. Во првиот круг беа избрани 20-те најдобри ученици според резултатите на тестирање по математика и англиски јазик. Во вториот круг повеќечлена комисија, составена од наставници од гимназијата „Нова“ и десет волонтери од Мировниот корпус на САД во Македонија, ги оценуваше кандидатите по однос на нивната тимска работа, креативност и критичко размислување.

Бројот на кандидати кои се пријавуваат за стипендијата постојано се зголемува, а оваа година имало 20 отсто повеќе ученици од ланската. Во изминатите 15 години целосна поддршка добиле 50 ученици. Покрај целосната стипендија се доделуваат и 10 делумни стипендии со кои се покриени до 50 отсто од трошоците за школување.

Партнерството помеѓу „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ беше основано како резултат на тесната соработка помеѓу училиштето и покојниот претседател Борис Трајковски како и поради фактот што филозофијата на работење на „Нова“ и нејзините воспитувачи беше во иста линија со вредностите и верувањата на претседателот Трајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП