28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France обезбеди бесплатен превоз за партнерите во обновувањето на Нотр Дам

Air France обезбеди бесплатен превоз за партнерите во обновувањето на Нотр Дам

За време на вчерашниот трагичен пожар, катедралата Нотр Дам во Париз, симболот на француската историја беше сериозно оштетена. Вработените во Air France и групата Air France KLM се длабоко шокирани од вчерашниот настан кој  го дочекале со тага и неверување.

Поради тоа Бенџамин Смит, извршниот директор на Air France-KLM, Ан Мари Кудер претседателка на управниот одборот на групата на Air France-KLM и Ан Ригај генералната директорка на Air France одлучиле дека Air France ќе обезбеди бесплатен превоз до сите официјални партнери вклучени во обновата на катедралата Нотр Дам во Париз.

Групата Air France-KLM во наредните денови ќе формира фонд за доброволна донација од патниците за да помогнат во собирањето на средства за реконструкција на Нотр Дам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП