6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на заразени од морбили во светот е алармантен!

Бројот на заразени од морбили во светот е алармантен!

Светската здравствена организација(СЗО) вели дека податоците се “алармантни”.

Во првите три месеци од 2019 година, бројот на случаи на мали сипаници ширум светот се зголеми за четири пати повеќе во однос на истиот период на минатата година, според податоците на Светската здравствена организација.

Овие привремени податоци укажуваат на “јасен тренд”, а епидемии се регистрираат во сите делови на светот.

Во Африка е забележан најдраматичен пораст – над 700 проценти.

СЗО објави дека вистинските бројки можат да бидат значително повисоки, бидејќи само еден од 10 случаеви на болеста е пријавен на глобално ниво.

Малата сипаница понекогаш може да доведе до сериозни компликации на здравјето, вклучувајќи ги болестите на белите дробови и мозокот.

Само во Мадагаскар од септември минатата година починаа најмалку 800 луѓе.

Епидемија ги погоди и Бразил, Пакистан и Јемен “, предизвикувајќи голем број на смртни случаи – претежно деца”, а имаше зголемување на бројот на случаи во земји каде што бројот на вакцинирани е висок, вклучувајќи ги и САД и Тајланд.

Во 170 земји, регистрирани се 112.163 случаи на мали сипаници, додека во истиот период во 2018 година во 163 земји имало 28.124 случаеви.

Поголемиот дел од пациентите – 94 проценти, биле невакцинирани, нецелосно вакцинирани или непознат статус на вакцинација.

ОН велат дека болеста е целосно спречива со права вакцина, но глобална покриеност од првата фаза на имунизација “застана” на 85 отсто, и се уште не достигна ниво од 95 проценти на вакцинирани колку што е потребно за да се спречи појава на епидемија.

“Повеќе од 20 милиони животи се зачувани благодарение на вакцините против сипаници само од 2000 година”, велат од СЗО.

Кај нас досега се пријавени 961 случај со морбили. Повеќе од 70 деца со мали сипаници се хоспитализирани, од кои 55 се на Клиниката за инфективни болести, а 15 на Клиниката за детски болести. Од нив повеќе од седум се во потешка состојба, но сите се хоспитализирани бидејќи имале компликации од мали сипаници.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП