Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,100.00 -0.19%    GRNT 917.56 -0.21%    KMB 5,421.26 -0.95%    MPT 63,471.43 0.48%    MTUR 5,250.00 -3.67%    RMDEN17 98.30 1.34%    STB 1,043.41 -1.58%    TEL 303.00 -2.26%    TNB 17,200.00 0.53%    

Дневен хороскоп 17.04.2019

Време: 08:56

Датум: април 17, 2019

Категорија: ХОРОСКОП

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вообичаено немате тајни во работата и вашите пријатели и колеги знаат се што ви се случува. Но, денес ќе добиете една примамлива понуда која ќе решите да ја зачувате за себе. Се работи за нешто што може да биде ризично и се уште не сте сигурни дали ќе ја прифатите. Би сакале да ја прифатите затоа што ќе ви донесе голема финансиска корист, но се плашите да не бидете осудени од опкружувањето.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Може да дојдете во конфликт со колегите од канцеларија. Вие мислите дека тие недоволно ве разбираат и намерно се против вас. Не бидете нетрпеливи, дозволете им на колегите да размислуваат поинаку. Вие имате свој начин на работа, а тие свој и потрудете се да го сфатите тоа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Може да ви се случи недоразбирање со саканата личност и затоа внимавајте на секој изговорен збор. Подобро е нешто да премолчите отколку да бидете брутално искрени. Вие моментално размислувате нерационално. Живеете во некој свој свет и не можете да ги сфатите другите. Истото се однесува и на вашата кариера. Плановите одложете ги за десетина дена. Тогаш ќе можете подобро да ги согледате работите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Опуштете се и отфрлете ги црните мисли. Тие се само моментално чувство поради тоа што имате премногу работа, а семејството нема разбирање за вас. Вашиот проблем е во тоа што не се осмелувате да кажете не и поради тоа сите околу вас нешто бараат, а ништо не даваат за возврат. Попладнето поминете го во најблиското кафуле. Таму најдобро ќе се опуштите.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес внимавајте како се однесувате кон пријателите. Можно е да дојдете во конфликт со еден од нив и тоа без поголема причина. Денес се чувствувате вознемирено и нема да избирате зборови. Исто така бидете внимателни и кон домашните. Измерете го секој збор пред да го кажете. Дозволете им на луѓето околу вас да имаат свое мислење.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе имате потреба да разговарате со партнерот во врска со финансиите. Но партнерот потполно ќе се затвори во себе и нема да знаете што навистина размислува. Вие ќе настојувате да го чуете неговото мислење иако ви е одамна позната неговата тврдоглавост и дека кога се наоѓа во таква состојба подобро ви е да отстапите. Побарајте помош од пријателите. Нивните идеи можеби не ви се јасни, ама тие секогаш имаат утешни зборови за вас.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ден пред младата Месечина во вашиот знак, можете да бидете понервозни од вообичаено, особено ако деловните партнери не ги исполнуваат своите ветувања. Имате начин како да најдете добри соработници ако бидете доволно подготвени да направите поголеми отстапки.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се трудите да не забележувате се што ви пречи, но тоа всушност не ви носи ништо добро доколку вистински не се смирите себеси, бидејќи имате впечаток дека на работа некој во прави проблеми за да ве потисне во втор план. На некој му е многу важно со вас да воспостави добра комуникација, особено на Вагите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На многумина им пречи вашиот успеш и тоа е до таа мера нагласено што морате да криете од оние кои се напорни во испрашувањето за вашите намери, оние кои сакаат да знаат се за вас. Тое не ви е потребно и веројатно сакате да се снајдете во работата која ќе ви овозможи контакт со странци, патување, но би требало да бидете реални и по тоа прашање барем уште некое извесно време.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Нека не ве фаќа нервоза. Се ќе биде онака како што сте испланирале. Попладнето ќе го поминете со пријателите. Една личност во вашето друштво е заинтересирана за вас. Вие го забележавте тоа, но бевте обземени со работата и не размислувавте за ништо друго.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе сретнете еден колега од студентските денови. Со него ќе се вратите во некои минати времиња и ќе се потсетите на некои тајни што сте ги делеле. Денот ќе ви биде исполнет со многу активности, па така ќе немате момент за досадување. Работните обврски завршете ги со време и не ги оставајте за викендот.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Работите на работното место одат во правец како што посакувате, но сепак имате финансиски проблеми. За жал, старите долгови мора да се платат и тоа ви создава нервоза. Токму кога мислите дека веќе се е под контрола однекаде ќе изникне некоја неплатена сметка. Сумата која денес ќе треба да ја платите не е голема, но сепак ќе ви создаде главоболка.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дневен хороскоп 27.05.2019

    Дневен хороскоп 27.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ова е за вас ден без многу динамика како на деловен така и на емотивен план. Новите деловни договори својата…

  • Викенд хороскоп 25-26.05.2019

    Викенд хороскоп 25-26.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ова е доста интензивен викенд кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде…

  • Дневен хороскоп 24.05.2019

    Дневен хороскоп 24.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе добиете понуда за дополнителна работа. Прифатете ја бидејќи таа работа ќе ви овозможи да стапите во контакт со повеќе…

  • Дневен хороскоп 23.05.2019

    Дневен хороскоп 23.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и…

  • Дневен хороскоп 22.05.2019

    Дневен хороскоп 22.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Внимавајте на здравјето, намалете ги нервозите. За некои моментални настани и случувања ќе треба да одлучите колку ви значат, но…

  • Дневен хороскоп 21.05.2019

    Дневен хороскоп 21.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе почувствувате нервоза кога ќе треба да соработувате со другите. Најмногу затоа што од нивна страна нема да биде сe…

  • Дневен хороскоп 20.05.2019

    Дневен хороскоп 20.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Алтруистички сте настроени. Им излагате на сите во пресрет. Слободните моменти поминете ги во друштво, зрачејки со оптимизам. Ја пребродивте…

  • Дневен хороскоп 17.05.2019

    Дневен хороскоп 17.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Доколку постојат ситуации кои ги решавате со помал успех отколку вашите соработници, избегнувајте конфликт со лицето кое ви го наметнува…

  • Дневен хороскоп 16.05.2019

    Дневен хороскоп 16.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Идејата која ја имате не треба да се истакнува како најдобро деловно решение. Доколку внимателно го следите развојот на настаните…

  • Дневен хороскоп 15.05.2019

    Дневен хороскоп 15.05.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Вашите колеги ќе имаат недоверба во вас, но тоа на крајот на денот ќе се промени и ќе добиете извинување.…