10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали барателите на азил од Венецуела ќе ја преплават Еропската Унија?

Дали барателите на азил од Венецуела ќе ја преплават Еропската Унија?

Политичката криза во Каракас доведе до зголемување на бројот на барања за азил од Венецуела во ЕУ за 50% во февруари оваа година.

Граѓаните на Венецуела се веднаш зад Сирија во бројот на барања за азил, се вели во соопштението на Европската служба за поддршка на азил. Исто така, се наведува дека во февруари имало околу 4.000 барања.

“Никогаш порано не сме добиле толку многу барања од оваа земја само за еден месец”, изјави Европската служба.

Во Венецуела во февруари дополнително се влоши политичката ситуација бидејќи лидерот на опозицијата Хуан Гваидо на 23-ти јануари себеси се прогласи за привремен претседател на државата.

Претседателот Николас Мадуро во февруари затвори дел од границата за да оневозможи пренос на американска хуманитарна помош, бидејќи ги оптужува САД дека ја подржува опозицијата која сака да организира државен удар преку таа помош.

Според Европската служба најмногу азил  поднеле Сиријците 5.400, по што следат граѓаните на Венецуела со околу 4.000, потоа 3.600 од Авганистан, Ирак 3.071 и Нигерија 1.461.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП