29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАDigg Reader е алтернатива за Google Reader

Digg Reader е алтернатива за Google Reader

digg-iphone

На 1 јули „Google“ официјално ќе го прекине постоењето на својот „RSS“ читач „Google Reader“. Па така за неговите корисници не останува многу време да побараат алтернативна апликација.

Точно навреме најпопуларната интернет страна за следење на тековните настани на интернет и споделување на интересни линкови „Digg“ го претстави својот предлог. „Digg Reader“  веќе е достапен како дел од апликацијата на „Digg“ за „iOS“.

Активна е и верзијата која е интегрирана во традиционалниот сајт на „Digg“. На овој начин корисниците можат да делат и примаат информации преку RSS без да прават нови регистрации.

Апликацијата нуди голем дел од карактеристиките кои се познати и од „Google Reader“. Се разбира, има и интеграција на сопствените можности на платформата на „Digg“.

Од компанијата планираат во блиска иднина да направат верзии на „Digg Reader“ и за други услуги и платформи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП