30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei планира за следната година да стане бренд број еден за паметни...

Huawei планира за следната година да стане бренд број еден за паметни телефони

Ричард Ју, директорот на Huawei mobile business дивизијата, изјави дека компанијата планира во текот на следната година да стане најголем светски бренд во областа на мобилните телефони. Тие сакаат да го постигнат ова и покрај фактот што продажбата на нивните телефони е забранета во САД и имаат минимални шанси да се пробијат на пазарот во Јужна Кореја.

Кинескиот технолошки гигант се надева дека ќе се искачи на првата позиција до крајот на оваа година, но ако тоа не се случи до тогаш, тие се убедени дека 2020 година ќе биде година на нивниот најголем успех. Во текот на изминатата година, Huawei во еден момент го надмина Apple и го освои второто место, но во 2018 година заврши на третото место во вкупниот број на продадени телефони.

Со цел да се постигне зацртаната цел, Huawei инвестира огромни средства во развој, околу 6 милијарди долари годишно, што е далеку повеќе од другите кинески брендови за паметни телефони.

Со оглед на продажбата и нивниот подбренд Honor, Huawei веќе продаде повеќе телефони оваа година од главните конкуренти. Ју додаде и дека плановите за Honor се да станат втор по големина бренд на телефони во Кина и четврти на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП