27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин поднесе даночна пријава - колку заработува рускиот претседател?

Путин поднесе даночна пријава – колку заработува рускиот претседател?

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата година заработил 135.000 долари, што е за околу 20.000 помалку отколку во 2017 година, покажува неговата даночна пријава објавена на веб-страницата на Кремљ.

Просечните месечни примања на Путин лани биле 11.200 долари, пренесува руската агенција „Тас-с“.

Во пријавата се наведува дека имотот на Путин во текот на изминатата година не се сменил. Тој поседува стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни. Исто така, користи и стан со површина од 153 метри квадратни и паркинг место од 18 квадрати. Целиот имот што Путин го пријавил се наоѓа во Русија.

Тој е сопственик и на два стари модели на автомобили Волга ГАЗ М21 како и теренско возило Нива и камп приколка Скиф.

Приходот на Путин е помал за 20.000 долари поради тоа што во даночната пријава за 2017 година е наведен износ од парите од продажба на земјиште со површина од 1.500 метри квадратни.

На веб-страницата на руската влада е објавена и даночната пријава на премиерот Дмитриј Медведев која покажува дека тој лани заработил 153.975 долари, што е околу 16 отсто повеќе отколку во 2017 година.

Просечната плата на рускиот премиер минатата година била 12.850 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП