27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ,,Енергетска'' трансакција од 33 милијарди долари

,,Енергетска” трансакција од 33 милијарди долари

Енергетската компанија “Шеврон” го купува ривалот “Анадарко петролеум”, како дел од договорот вреден 33 милијарди долари во готовина и акции.

Одлуката за преземање била донесена бидејќи Шеврон се обидува да ја зајакне својата позиција за експлоатација на Пермискиот базен и да ја унапреди својата работа со течен природен гас, пренесува Reuters.

Најновата вест предизвика акциите на компанијата Анадарко да скокнат за 33% во електронското тргување, додека акциите на Шеврон паднаа за 1,5%.

Шеврон, исто така, ќе преземе 15 милијарди долари од долгот на Анадарко. Се очекува дека трансакцијата ќе биде завршена во втората половина на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП