19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 13-14.04.2019

Викенд хороскоп 13-14.04.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Овој викенд ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Енергијата ви е на високо ниво. Викендов најповеќе ќе се занимавате со совладување на отпор и ублажување на различните удари. Бидете особено внимателни во пошироките комуникации, бидејќи соработниците не ви се особено наклонети.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендов не е пожелно да креирате нови деловни врски или да закажувате средби со ваши партнери, кои ги познавате краток период. Можат да го проценат вашето однесување премногу нападно и несоодветно за вашата соработка во моментот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Викендов можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Викендов е можно да преживеете некое разочарување. Наместо да се нервирате, обидете се да ја поврзете последицата со причината за оваа ситуација. Доколку реално размислите, самите сте виновни за некои случувања кои ви создаваат проблеми.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Почнуваат да ви се случуваат добри работи и станувате горди сами на себе. Освен зголемената потреба да го смените надворешниот изглед и да блеснете, имате и потреба да се докажете во однос на работата. Егото ви се зголемува и самоувереноста расте.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можеби ќе се обидувате да разрешите некои тешки работни односи и ќе си го расипете викендот. Попуштањето на притисокот ќе ви овозможи да се завртите кон поубавите работи во животот. Ве очекува некоја не многу пријатна ситуација, побарајте совет од постара личност.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можеби стресот деновиве ви беше број еден на листата, но викендов работите ќе се сменат. Очекувајте да ве обземе среќа и добро расположение. Во вечерните часови посетете некој близок пријател и испијте заедничко кафе.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Позитивните примери ќе ви послужат како мотивација во процесот на работење. Ќе пронајдете решение за некоја спорна ситуација. Нема потреба да донесувате некои избрзани одлуки. Подобрете ја вашата искреност, во последно време е претворена во нешто поинакво.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите. Некој разговор со некое лице ќе ве поттикне дополнително да вложите напори во вашите цели. Во вториот дел од викендот можно е пријателите да ве изненадат.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете во движење. Во целост, вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Опремете се со оптимизам. Ќе изникне погоден случај за да решите некои конфликти од секојденвието и ќе имате потреба од тој оптимизам. Проверете ја вашта електронска пошта, најверојатно ќе добиете важна порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП