20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLevi Strauss: Приходот во првиот квартал се зголемил за 7%

Levi Strauss: Приходот во првиот квартал се зголемил за 7%

Levi Strauss во првиот фискален квартал ги зголемил приходите за седум проценти, на 1,44 милијарди долари.

Доколку се исклучат промените на девизниот курс, се зголемиле за 11%, објави компанијата во првиот бизнис извештај по повторно листање на акциите на берзата.

Нето добивката изнесува 146,6 милиони долари или 37 центи по акција. Во истиот период минатата година, Levi Strauss забележал нето загуба од 19 милиони долари, односно пет центи по акција, поради трошоците поврзани со даноците.

Прилагодената нето добивка скокнала за 81%, на 151 милион долари.

Levi’s ги продава своите производи на над 50.000 локации, вклучувајќи и 3.000 сопствени продавници во 110 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП