19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе продава европската филијала на HBO?

Се продава европската филијала на HBO?

Американскиот телекомуникациски оператор AT&T интерно разговарал за продажба на европската филијала на HBO во обид да го намали долгот од 170 милијарди долари.

Ова беше објавено од страна на “Financial Times”, повикувајќи се на изјавите на неколку сегашни и поранешни директори.

Како “логичен купувач” со оглед на деловниот однос со HBO се споменува Sky, пишува FT, повикувајќи се на неименувани извори во AT&T и во HBO. Sky дистрибуира HBO содржини во Велика Британија, Германија и Италија.

AT&T ја купи телевизиска компанија која стои зад популарната серија “Игра на тронови” минатата година за 80 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП