20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft и Amazon во борба за Пентагоновиот клауд договор вреден 10 милијарди...

Microsoft и Amazon во борба за Пентагоновиот клауд договор вреден 10 милијарди долари

Microsoft и Amazon се двете најнови компании кои влагаат во трката за клауд договор од 10 милијарди долари.

Миграцијата на Пентагон во клауд, позната како JEDI проект, била најавена во 2017 година, а некои од најголемите светски компании од тогаш се натпреваруваат за оваа премија (иако Google тоа го прескокнал, осврнувајќи се на “AI принципи”).

Како и во скоро секое натпреварување, ривалството и натпреварувачкиот дух можат да бидат многу нагласени. IBM и Oracle, исто така направиле понуда за договор, но се покажало дека не се дораснати за задачата. Ова не го спречи Oracle да поднесе тужба против еден вработен во Amazon, кој претходно работел на JEDI проект, и дека има несоодветно влијание во постапката. Сепак, Пентагон тврди дека “немал негативно влијание врз интегритетот на процесот на аквизиција”.

И двете компании, Microsoft и Amazon, неодамна се фокусирале на клауд компјутинг. Владиниот договор за оваа големина би претставувал значајна предност за двете, мотивацијата за успех секако треба да биде водена од степенот на ривалството помеѓу две конкурентски компании. Кој ќе победи во оваа борба, ќе дознаеме најрано во средината на јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП