6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОткриени остатоци од нова човечка раса во пештера на Филипините

Откриени остатоци од нова човечка раса во пештера на Филипините

На Филипините е пронајдена нова човечка врсѕа, и кај неа евидентно е закривеност на ножниот прст, што укажува на тоа дека искачувањето била важна активност на овој далечен предок на човекот.

Новиот вид на човечка раса е познат како “homo luzonensis”, именуван по локацијата каде што се откриени остатоци во пештерата на најголемиот филипински остров Лузон.

Неговите физички карактеристики претставуваат мешавина од оние древни човечки предци и новиот човек.

Ова може да значи дека примитивните роднини ја напуштиле Африка и дошле во југоисточна Азија, што претходно се сметало за невозможно.

Ова откритие сугерира дека еволуцијата на човекот во регионот била многу комплексна, со три или повеќе човечки видови во таа област во време на пристигнувањето на нашите предци.

Една од тие видови е “homo floresiensis”, речиси џуџест раст, кој живеел на индонезискиот остров Флорес до пред 50.000 години.

Островот Лузон е одалечен од Флорес околу 3.000 километри, наведува BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП