5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинезите купуваат европски авто-бренд

Кинезите купуваат европски авто-бренд

kina kola

Кинескиот производител на автомобили „BAIC“ има желба да стане сопственик на некоја од европските марки на возила од средна големина. Кинезите имаат намера да ја искористат актуелната криза во европската автомобилска индрустрија и со тоа поевтино да поминат во таа трансакција.

Оваа компанија која се занимава со производство на автомобили бележи голем раст во последните неколку години. Па така со порастот на економската моќ се јавува и желбата за експанзија и надвор од азискиот пазар.

Како што дознава Блумберг, по стапките на компанијата „Geely“ која го купи „Volvo“, би можел да тргне уште еден производител од Кина, а тоа е „BAIC“ (Beijing Auto). Оваа компанија веќе има соработка со „Mercedes“ и „Hyundai“, но според последните информации тие се во потрага по европска автомобилски бренд кој е во криза.

Истиот извор пренесува дека во игра се три бренда, но нивните имиња не се наведени. Сепак крајната цел на компанијата е до 2025-та година на пазарот да понудат „автомобил од светска класа“.

„BAIC“ за таа цел веќе го ангажираше познатиот дизајнер „Leonardo Fioravanti“ кој е заслужен за изгледот на неколку модели на „Ferrari“ и тоа „288 GTO“, „Daytona“, „512 Berlinetta Boxer“, како и „FIAT“ 130.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП