6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.04/2019 за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.03.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.04/2019 објавени се 1859 должници – правни лица (пoмалку за 130 од претходната листа) и 2226 физички лица (помалку за 80 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2019 изнесува 9.517.248.764 денари, помалку за 396.868.347 денари од претходната листа.

Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.376.977.666 денари (помалку за 395.900.195 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.271.098 денари (помалку за 968.152 денари од претходната листа).

Листата на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП