30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо најава најгласниот излез на берза, Uber продава акции вредни 10 милијарди...

Во најава најгласниот излез на берза, Uber продава акции вредни 10 милијарди долари

Компанијата “Uber” одлучила во почетната јавна понуда да се обиде да продаде акции во вредност од околу 10 милијарди долари.

Компанијата ќе ја објави регистрираната понуда во четврток, изјавија луѓе кои се запознаени со оваа тема.

IPO со оваа големина ќе  го направи Uber еден од најголемите технолошки гиганти на сите времиња, поголем и од кинескиот гигант за електронска трговија Alibaba од 2014 година.

Uber сака да достигне вредност помеѓу 90 и 100 милијарди долари. Инвестициските банкари претходно му кажаа на Uber дека компанијата би можела да достигне вредност и до 120 милијарди долари.

Пазарната вредност на Uber неодамна беше проценета на 76 милијарди долари.

Uber планира да ја објави својата IPO регистрација во американската Комисија за хартии од вредност во четврток, а почетокот на тргувањето со акции се очекува на почетокот на мај, велат извори блиски до компанијата.

Изворите предупредуваат дека плановите сеуште се предмет на промени и трговски услови, па затоа побарале да не се идентификуваат бидејќи прашањето е доверливо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП