28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали се зголемува инвестициската доверба во Скопје со предвидениот раст на БДП?

Дали се зголемува инвестициската доверба во Скопје со предвидениот раст на БДП?

Растот на БДП во Северна Македонија се очекува да биде над 4 проценти во првиот квартал од 2019 година, што ќе ги надмине претходните предвидувања од 3,2 отсто за целата година. Овој неочекуван раст е резултат на развојот на производствената индустрија, зголемените инвестиции во патната инфраструктура и зголемениот увоз и извоз во индустриските зони во Северна Македонија. Во комбинација со најниските каматни стапки во последните 20 години, сè повеќе компании и поединци имаат можност да дојдат до слободни финансиски средства, и да започнат нов инвестиционен циклус.

Проект кој оваа и следната година треба да биде на некој начин економски акцелератор, да влиајае позитивно на растот на БДП секако е инвестицијата на корпорацијата Лимак. Станува збор за проект вреден 200 милиони евра, кој ќе овозможи работа за многу македонски компании суб-контрактори и ќе влијае позитивно на понатамошниот економски раст.

Со “Лимак Дајмонд”, се очекува да се зголеми довербата на домашните и странски инвеститори и бизнисот со недвижности да стане попривлечен и поисплатлив. Претпоставките се дека овој проект ќе биде интересен за индивидуалните инвеститори од регионот, како и од Турција, а посебно ќе биде интересен за иселениците кои би сакале и во главниот град на Северна Македонија да имаат свој недвижен имот, кој на долг рок може само да ја зголеми својата вредност. Најголемиот пораст во градежништвото може да се очекува во главниот град Скопје, и потенцијално во други туристички дестинации како Охрид, Маврово и Попова Шапка.

Инвестирањето во недвижности сè повеќе изгледа како сигурна инвестиција, како нешто поисплатливо во споредба со влог во банка или во хартии од вредност, посебно ако се инвестира во високо квалитетен објект на добра локација во срцето на градот, која секогаш ќе биде актуелн.

Покрај стабилниот раст, се очекува инфлацијата која во 2018 година беше со стапка од 1,5%, да остане умерена, да порасне до 1,8% во 2019 година и 1,9% во 2020 година, покажува најновиот извештај за земјава на Светска Банка.

Според НБРМ каматните стапки на банкарските производи веќе имаат надолна тенденција, па се очекува да продолжат да опаѓаат во текот на 12-месечниот период,  кој следи. Овој предвиден пад на каматните стапки обезбедува одлична можност за индивидуалните инвеститори да почнат да земаат кредити и да ги вложуваат своите средства во инвестициони форми кои ги сметаат за најдобри.

Никогаш не било подобро време да се инвестира во Северна Македонија, особено кога земјата е веќе пред самиот официјален влез во Нато, и пред вратите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП