24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook призна дека користи податоци на корисници за продажба на реклами

Facebook призна дека користи податоци на корисници за продажба на реклами

Европската комисија денес соопшти дека Facebook ги променил условите за користење во кои е јасно наведено дека компанијата заработува со продажба на пристап до кориснички податоци.

Facebook ги промени условите за користење откако разговараше со Комисијата и европските тела за заштита на потрошувачите.

“Сега корисниците јасно ќе разберат дека социјалната мрежа ги користи нивните податоци за продажба на реклами”, изјави комесарката за заштита на потрошувачите Вера Јурова.

Официјалните претставници и телата на ЕУ ја зајакнаа контролата врз Facebook по скандалот со компанијата “Кембриџ Аналитикс”, која наводно непрописно дошла до податоци на околу 87 милиони корисници на Facebook.

Промените се дел од поширокиот глобален напор за социјалните мрежи да се зауздаат поради загриженоста за кршење на приватноста, штетната содржина и други злоупотреби на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП