Овен (21.03 – 20.04)
Ќе се двоумите околу покажувањето на чувствата, минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики. Некој пријател ќе ве поттикне да правите посмели чекори во животот.
Бик (21.04 – 21.05)
Од пријателите денес можете да очекувате конкретна помош, што ќе ви олесни околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Интензивно ќе се дружите со партнерот, но постои можност од мало разочарување.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом.
Рак (22.06 – 22.07)
Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи, тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време се да поправите. Постои можност да заминете на некој службен пат.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве оптеретува некоја неизвесност во која се наоѓате, не по ваша волја. Можно е да сте многу ангажирани за некоја работа која за некој месец ќе ви донесе поголеми приходи. Не се оптеретувајте со парите.
Девица (23.08 – 22.09)
Имате намера да се сретнете со некој кој се занимава со приватен бизнис или често патува во странство. Добро се согласувате со лицата родени во знакот на Овен, Близнаци, Лав или Јарец. Искористете ги добрите контакти за напредување.
Вага (23.09 – 22.10)
Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Некој пријател ќе ви даде корисен совет.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Се околу вас ќе се заврти кон подобро. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина ќе имате проблем. Имате некој сомнеж кој не ве остава мирно да седите. За проблемите кои не можете сами да ги решите побарајте помош од партнерот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некои средства, пари или имот ќе пристигнат до вас. Можеби ќе се чудите како среќата ве посакала токму вас, но тоа е сосема нормално, бидејќи овој период е доста поволен од финансиски аспект. Во љубовта нештата се солидни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Родените на средина на знакот можат да имаат корист од соработката со Близнаци, Лав или Девица. Ќе добиете поволни вести, потребни ви се соработници кои се на вашето ниво.
Риби (20.02 – 20.03)
Поголем дел од енергијата која ја поседувате ќе ви ја донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации.