28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПосле сериозниот пад растат акциите на Boеing и Facebook

После сериозниот пад растат акциите на Boеing и Facebook

На Wall Street во четвртокот, берзанските индекси се зголемија благодарение на порастот на цената на акциите на Boeing и Facebook, додека е во очекување исходот од трговските преговори меѓу САД и Кина.

Претходниот пад на акциите на Boeing се случи поради структурните проблеми на некои модели на авиони, што резултираше со сериозни авионски несреќи. Пред еден месец, брокерите оценија дека надолниот тренд на овие акции е од привремен карактер и би можел да претставува одлична прилика за инвеститорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се многу блиску до постигнување на трговски договор и дека тоа би можело да биде објавено во рок од четири недели, но истовремено го предупреди Пекинг дека ќе биде многу тешко да се продолжи со тргувањето ако договорот не биде постигнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП