26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРоботот Киробо подготвен да лета во вселената

Роботот Киробо подготвен да лета во вселената

robot

Во Токио креаторите на робот „Киробо“ кој е наменет за употреба во вселената, направија демонстрација на неговите говорни вештини.

Во експериментот учествуваат рекламната компанија „Денцу“, Истражувачкиот центар за врвни науки и технологии, Токискиот универзитет, „Robo-garage“ и „Тојота-моторс“.

Томотака Такахаши, претседателот на компанијата  „Robo-garage“ и доцент на Токискиот универзитет, рече дека се надева, роботите како Киробо кои можат да водат разговор, со текот на времето ќе им помагаат на астронаутите во вселената.

Киробо нема да врши физички активности, затоа што тој е помал од повеќето роботи кои досега биле испратени во вселената. Неговата висина е 34 см, а тежината околу еден килограм. Неговото име е изведено од јапонски збор за надеж – „кибо“ и „робот“.

На презентацијта Фуминори Катаока, генералениот менаџер на проектот од „Тојота“ го праша Киробо каков е неговиот сон.

„Сакам да создадам иднина во која луѓето и роботите ќе можат да живеат заедно и да се разбираат” – одговори роботот.

Киробо ќе биде лансиран од вселенскиот центар Танегашима на 4 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП