26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМожете да изгубите и до 60 отсто! Еве кои автомобили најмногу ја...

Можете да изгубите и до 60 отсто! Еве кои автомобили најмногу ја губат вредноста

Во првите пет години, автомобилите губат дури до 52 проценти од вредноста. И додека тој пад е, сепак, нешто помалку изразен кај постарите автомобили, оние поновите во првите неколку години нивниот сопственик го чинат вистинско “мало богатство”.

На пример, Рено Клио, чиј сопственикот платил околу 13.000 евра, во првата година ќе изгуби околу 16 отсто, или околу 2.000 евра, а “Фолксваген голф” кој вреди околу 20.000 евра, ќе изгуби 12 проценти или околу 2.500 евра.

Поради големата разлика на одредени брендови, класи и видови на возила, треба да бирате нов или користен автомобил по тоа колку ќе ја изгуби својата вредност. Голф и Клио се примери за добар избор.

Како што се пишува, истражувањата покажуваат дека германските автомобили се најдобри за вреднување. Најмала загуба има Порше, по што следуваат Мерцедес, Фолксваген, Ауди и БМВ. Најдобар бренд надвор од Германија во смисла на зачувување на вредноста е јапонската Тојота.

Спротивно на верувањата, француските производители на автомобили исто така, држат добра вредност, додека корејските се малку послаби, но подобри од италијанските и американските брендови.

Што се однесува до категоријата, односно класата, во текот на првите пет години, најбрзо ја губат вредноста скапите луксузни автомобили. Според истражувањето, по пет години, луксузните автомобили (како што се Ауди А8, BMW Серија 7 или Порше Панамера) губат околу 61 процент од вредноста. Прилично големи губитници се купувачите на автомобили од високата и средната класа со 60 отсто, а само малку подобри се патничките ванови кои губат 59 проценти од вредноста.

Од автомобилите што просечните купувачи ги купуваат најчесто, најдобрата вредност ја имаат помалите урбани модели, проследени со компактни и средни автомобили. Исто така, трендот во последниве години покажа дека SUV имаат подобра вредност отколку класичен автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП