25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпрогрес доби две признанија за општествена одговорност

Макпрогрес доби две признанија за општествена одговорност

Виничката компанија за производство на кондиторски производи „Макпрогрес“, која веќе 29 години работи и постигнува интернационални успеси, се здоби со признанието „Најдоброто од источниот регион“, за најдобра компанија во областа на општествената одговорност. Свеченото доделување на наградите се оддржа синоќа на Меѓунардониот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, во Свети Николе. Оваа манифестација се оддржува веќе петта година по ред a наградите ги доделуваат новинарите од регионалниот центар „Исток“.

Со оваа награда, на компанијата Макпрогрес и се оддава признание за целокупната општествена одговорност во текот на 2018 година.

“Особена чест и задоволство ни е примањето на оваа награда затоа што претставува признание на нашата посветеност и залагања за позитивни општествени промени. Ова ни е дополнителен мотив да продолжиме со нашите напори за подобрување на заедницата во која делуваме“, изјавија од компанијата.

Уште една потврда за залагањето на Макпрогрес за општеството, е и вчерашното врачено признание од страна на Министерството за труд и социјална политика за иницијативата за воведување на скратено работно време за родителите коишто користеле породилно отсуство. Според министерката Мила Царовска скратеното работно време за работниците кои користеле породилно отсуство е значаен чекор кон постигнување на подобри услови за вработените, а компаниите кои го следат овој пример и во иднина ќе бидат наградувани и посочувани за позитивен пример во бизнис сферата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП