19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоследни денови за аеродромот ''Ататурк"

Последни денови за аеродромот ”Ататурк”

Главниот меѓународен аеродром во Турција во Истанбул се затвора и се сели во нова база.

Преселбата на меѓународниот аеродром Ататурк на Истанбулскиот аеродром на брегот на Црното Море, започна рано изутрина и се очекува да биде завршено во саботата, објави AP.

Билал Акси, извршен директор на турската водечка компанија ”Turkish Airlines”, изјави дека 686 полуприколки и стотици други возила ноќе ја превезувале опремата и дека авионите почнале да летаат на новиот аеродром.

Аеродромот ”Instanbul” отворен е делумно во октомври и годишно ќе оплужува 90 милиони патници.

Тој се стреми да биде најголем во светот, кога целосно ќе биде завршен за 10 години.

Аеродромот ”Ататурк”, кој е рангиран како 17-ти најпосетуван во светот во 2018 година, ќе го запре комерцијалното работење во сабота во 02:00 наутро по локално време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП