20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоскапува Netflix

Поскапува Netflix

Многу корисници на популарната платформа за гледање серии и филмови Netflix, наскоро би можеле да добијат повисоки сметки за оваа услуга.

Додека некои корисници ова поскапување веќе го почувствуваа , други, особено граѓаните на САД, оваа недела започнаа да им пристигнуваат известувања за новите тарифи кои би требало да настапат веќе во мај.

Според CNN, новите цени на нивните услуги ќе се зголемат за еден до два долари. На пример, основниот пакет од сега наместо осум долари ќе чини девет долари, стандардниот пакет кој вклучува стриминг во HD резолуција ќе се зголеми на 13 долари месечно, додека цената на премиум пакетот од претходните 14 ќе се искачи на 16 долари.

Поскапувањето, како што најавија, се очекува и кај европските корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП