2 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава дивиденда ќе им исплати Македонски Телеком на акционерите

Колкава дивиденда ќе им исплати Македонски Телеком на акционерите

Македонски Телеком АД – Скопје донесе Предлог Одлука за исплата на дивиденда за 2018 година во вкупен бруто износ од 1.596.062.214,00 денари.

Бруто износот на дивиденда по акција е 18,50 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 28.05.2019 година.

Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе се изврши до 30.09.2019 година.

Друштвото ќе ги информира акционерите за исплатата на дивидендата со објава на веб-страницата на Друштвото како и со известување преку Македонската берза за хартии од вредност, по усвојувањето на Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2018 година и утврдување на дивиденден календар од страна на Собранието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП