23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBBC- дел од компанијата се сели во Амстердам

BBC- дел од компанијата се сели во Амстердам

Британскиот јавен сервис BBC преселува дел од компанијата во Амстердам, така што во случај на Брегзит без договор би можела да продолжи да јa емитува својата програма во земјите на Европската унија, објави агенцијата Bloomberg.

BBC во Амстердам не ја пренесува својата уредувачка редакција, туку голем дел од комерцијалното производство во кое произвела многу серии како што се “Доктор Ху” и “Istenders”.

Одлуката да префрли дел од своето работење во Амстердам, BBC сака да ја избегне судбината на Велика Британија, која, како што сега стојат работите, за само осум дена може без договор да ја напушти Европската унија.

Ако ова се случи, британските медиуми ќе ги загубат своите дозволи за емитување во земјите на Европската унија преку ноќ.

Во производната програма на британскиот јавен сервис ќе продолжи поголемиот дел во Велика Британија, додека дел од редакцијата задолжена за постпродукција и дистрибуција ќе се пресели во Амстердам.

Претставникот на BBC за односи со јавност не потврди официјално дека медиумската компанија се сели во Холандија, но потврди дека во тек е подготовката за потребните мерки неопходни за да се продолжи со емитување во ЕУ.

Според законодавството на ЕУ, дирекцијата на медиумските куќи или значителен дел од вработените мораат да се наоѓаат во една од земјите членки на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП