4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва се 10-те најдобри светски авиокомпании по изборот на TripAdvisor

Ова се 10-те најдобри светски авиокомпании по изборот на TripAdvisor

Патниците на TripAdvisor сега веќе традиционално ги оценија светските авиокомпании каде што и ја објавија годишната листа на десет најдобри.

Рангирање е врз основа на милиони рецензии, оценки и коментари на патници објавени во текот на минатата година, кои беа анализирани со помош на алгоритам, пренесува Seebiz.

1. Singapore Airlines

Aзиската авиокомпанија седна на престолот втора година по ред, но освен тоа што ја однесе титулата за најдобра авиокомпанија, патниците процениле дека има најдобра економска класа.

2. Qatar Airways

Додека минатата година Qatar Airways го зазема осмото место, оваа година скокна за шест места, а е и прогласена за најдобра во бизнис класата.

3. EVA Air

Тајванската авиокомпанија оваа година е рангирана на третото место, што претставува раст од две позиции, а патниците се особено задоволни од просторната економска класа и храна.

4. Emirates

Најголемата блискоисточна авиокомпанија патниците ја оценија послабо од 2018 година и падна за едно место. Сепак, Emirates со првата класа ја надмина целата конкуренција и е прогласена за најдобра.

5. Japan Airlines (JAL)

Иако најголемата јапонска авиокомпанија оваа година се најде едно место пониско на листата од најдобрите, патниците особено го пофалија персоналот на JAL за чистите авиони.

6. Southwest Airlines

Ова е најголемата нискобуџетна авиокомпанија на светот и втор пат се рангира на шесто место на TripAdvisor листата. Southwest Airlines се издвојува од остатокот од авиокомпаниите од оваа класа во тоа што нуди бесплатни безалкохолни пијалаци и закуски во текот на летот и не наплаќаат до две парчиња багаж, што е многу необично со оглед на цената на летови.

7. Azul

Бразилската авиокомпанија е две места повисоко рангирана од минатата година, и тоа во голема мера се должи на „Skysofas“  седиштата во економската класа, односно четири места кои можат да бидат поврзани и така да стане ,,пространа софа за семејството, парови или пријатели кои патуваат заедно”.

8. Air New Zealand

И покрај тоа што падна за шест места во однос на минатата година, Air New Zealand беше прогласена за најдобра во категорија Premium економска класа, а нејзините патници посебно нагласија широк избор на филмови и ТВ серии кои авиокомпанијата ги нуди на своите летови.

9. Jet2.com

Британската нискобуџетна компанија оваа година падна за две места, но ја освои титулата најдобра не само во Обединетото Кралство, туку и во цела Европа.

10. ANA (All Nippon Airways)

Оваа јапонска компанија прв пат се најде на листата на TripAdvisor, а е високо оценета поради услугата и односот кон патниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП