21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема штета на буџетот во истрагата за вториот пензиски столб

Нема штета на буџетот во истрагата за вториот пензиски столб

Изминативе неколку недели во скопското Обвинителство биле сослушани претставници од Министерството за финансии во врска со кривичната пријава за наодите за злоупотреби во вториот пензиски столб, дознава „Макфакс“. Неофицијално, претставниците појасниле дека има механизми за заштита и дека буџетот во конкретниот случај не е оштетен.

Обвинителството во истражувањето на случајот повикало претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и на двете пензиски друштва. Сослушан бил и актуелниот генерален директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Според нашите сознанија, Обвинителството доставило ургенции до Државниот завод за ревизија за да му бидат доставени ревизиите од сметките на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Од досегашниот тек на истрагата и соопштението до јавноста на Обвинителството може да се констатира дека сите средства од вториот пензиски столб се безбедни и дека нема штета на буџетот.

Кривична пријава за случајот против непознати сторители ја поднесе министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Шаип Зенељи, на прес-конференција рече дека не чувствува лична одговорност за фактот што на 12 илјади осигуреници придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од ПИОМ не им бил префрлани кон вториот пензиски столб.

Сепак, останува податокот дека Владата одлучи да уплати 19 милиони евра кон осигурениците како обесштетување. Предистражната постапка е сè уште отворена. Останува неизвесно дали скопското Обвинителство ќе донесе наредба за спорведување истрага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП