8 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.04.2019

Дневен хороскоп 04.04.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Сакате да ја решите нерешената ситуација на работа по секоја цена. Би требало поинаку да се поставите кон лицето кое ви е драго, да покажете повеќе разбирање и да му посветите поголемо внимание. Чувајте се од прекумерен замор.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Добро сте организирани. Тешко е да ве убедат да направите нешто што не сакате, не сте подготвени да влезете во никаква сомнителна трансакција. Ќе добиете повик за интересен состанок од едно харизматично лице.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Искористете ја добрата деловна шанса за дополнителна заработка. Атмосферата во домот е прилично напната или вие сте уморни, што се одразува на вашата здравствена состојба. Обидете се да го елиминирате стресот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата неодлучност ви создава неприлики. Прилично сте ладни во анализирањето на своите емотивни проблеми. Би било добро својата енергија да ја насочите кон некое лице кое во прилична мера ве иритира. Имате проблеми со осцилацијата на крвниот притисок.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Амбициите ќе ве насочат во првилна насока, а вие ќе се покажете во вистинско светло. Обидете се да бидете помалку посесивни и љубоморни, особено ако сте заљубени во лице родено во воден знак. Стабилна здравствена ситуација.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Одличната деловна ситуација ќе ве исполни во секоја смисла. Ќе ви се укаже прилика некој многу важен проблем да го решите. Ве очекува некој пресврт во животот, планирате брак или преселување. Можна е слабост или омалаксаност.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе бидете поефикасни од вообичаено, дури и сами себе ќе се изненадите. Необично сте ранливи и се сомневате во се кога станува збор за партнерот. Намалете со еуфоријата, ви создава само проблеми.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред вас е поволен ден во кој би требало да зборувате за зголемување на платата. Многу е важно да им се препуштите на чувствата и да не ги анализирате премногу работите. Партнерот нема толку грешки, колку што го обвинувате.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Веројатно ќе работите само онолку колку што морате бидејќи ќе се чувствувате уморни. Не дозволувајте саканото лице да се чувствува запоставено. Потребен ви е одмор и релаксација.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не смеете да се откажете после разговорт со едно лице, бидејќи сеуште не ја знаете целата вистина. Приметувате дека партнерот се однесува чудно и има стравови и недоверба. Пробајте да го смирите.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате лоша комуникација со колегите. Не ви се препорачува влегување во партнерски односи. Ве привлекуваат комуникативни и доста помлади лица од вас, или некој со нагласена смисла за хумор. Можни се грчеви во мускулите.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Уморни сте и немате волја за работа. Потребно е поинаку да се поставите кон проблемите кои ве исцрпуваат. Можете да очекувате ненадеен повик од лице со кое некогаш сте биле во тајна врска. Вашето здравје е осетливо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП