9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункеров "шамар" за Тереза Меј : Еве кога Велика Британија ќе мора...

Јункеров “шамар” за Тереза Меј : Еве кога Велика Британија ќе мора да ја напушти ЕУ (видео)

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека Велика Британија нема да добие ниедно краткорочно поместување за Брегзит, додека нејзиниот “фракцијашки” парламент нема да го ратификува договорот за излез од ЕУ најдоцна до 12-ти април.

“Крајниот рок за прифаќање на договорот е 12 април. Доколку тоа не се заврши дотогаш, нема да има понатамошно одложување на Брегзит”, изјави Јункер, пренесува Reuters.

Тој додаде дека најверојатното сценарио за 12-ти април е излез без договор на полноќ и додаде дека тоа не е она што тој го сака.

“Но, тоа е исходот за кој се грижев за ЕУ да биде подготвена за тоа”, изјави Јункер.

Премиерката Тереза Меј во вторникот изјави Велика Британија ќе побара ново продолжување, за Брегзит да обезбеди подршка во парламентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП