Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,052.00 0.03%    GRNT 868.34 2.16%    KMB 5,369.00 0.69%    MPT 61,504.82 -0.59%    RMDEN12 99.10 0.11%    RMDEN14 98.50 0.2%    RMDEN18 98.69 -0.01%    SBT 2,253.42 -6.11%    STIL 98.00 -2%    UNI 2,100.40 0.02%    

Патувајте безбедно и весело со автомобилите и вановите на Opel

Време: 14:01

Датум: април 3, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

  • Вселенски шатлови: новаta Opel Zafira Life и наградениот Opel Combo Life
  • Патувајте со стил и удобност: Opel Astra и Opel Insignia Sports Tourer
  • SUV за одмор: Opel Grandland X со оптимална видливост и товарен простор
  • Додатоци: превозни и транспортни системи за викенди и за подолги патувања
  • Багажник: FlexOrganizer® го чува багажот на своето место

Риселсхајм. За совладување на ридовите или погоден за плажа? Без оглед на дестинацијата за претстојните празници и годишни одмори, автомобилите, комбињата и спортските возила од Opel – Grandland X, Combo Life, Astra Sports Tourer, Insignia Sports Tourer и новата Zafira Life – имаат нешто заедничко: многу простор и удобност за патниците и нивниот багаж. Најважно од сè – багажот мора безбедно да се складира, и покрај тоа, патувањето треба да биде релаксирачко. Затоа, Opel нуди широк опсег на практична опрема за своите различни модели.

До 1.665 литри: Opel Sports Tourers нуди многу багажен простор

Многу простор и флексибилна дистрибуција на багаж се силните страни на караваните на Opel, на Astra Sports Tourer и Insignia Sports Tourer. Astra Sports Tourer може да ги дели задните седишра во размер 40: 20: 40 и до 1.630 литри волумен на багаж. Insignia Sports Tourer нуди дополнителни 35 литри простор. Со 1.665 литри багажен простор, предводник е на караваните на Opel и е идеален за „целосно“ пакување и возење на долги релации. Истото важи и за елегантниот Grandland X. Најголемиот SUV на Opel не нуди само 1.652 литри волумен на багажниот простор, туку и типичнао висока положба за седиштата, што им дава добра видливост на возачот и патниците.

Opel дури размислуваше и за тоа како се пристапи до багажникот, ако вашите раце се полни: опционалната сензорска контрола на задната врата на Astra и Insignia Sports Tourer и Grandland X е отворање со движење на ногата под задниот браник.

Опционалниот FlexOrganizer® го чува багажникот на Sports Tourer чист и уреден. Благодарение на шините во подот, мрежите што го делат просторот и разните додатоци, има место за се што е во багажникот. Како и во караваните, на Grandland X може да се инсталира решетка за заштита на патничкиот простор од предмети во багажникот. Со цел да се спречи движење на предметите во багажникот дури и при силно сопирање, сигурносната мрежа што се прицврстува во подот исто така е достапна за Grandland X. Умни додатоци, како што се двострани душеци и се нудат и водоотпорни патосници.

Оние кои сакаат да земат повеќе багаж со нив во нивните Opel каравани и комбиња ќе најдат голем избор на флексибилни системи за транспорт и за превоз кои создаваат дополнителен простор за складирање. Со своите стандардни покривни шини, Opel Sports Tourers може да носи максимално од 75кг (Astra), 85кг (Grandland X) и дури 100кг (Insignia). Лесно се инсталираат кровни куќишта и носачи за велосипед, кои лесно сепоставуваат и се растоваруваат. Opel нуди и разновидни носачи на маунтин бајк велосипеди.

Место за сè: Транспортни кутии и повеќе за уреден багажник

Семејствата исто така патуваат безбедно и се е организирано во Opel Combo Life – мулти активно возила и во пространото комби Zafira Life. Покривот станува дополнителна транспортна површина благодарение на носачите на покривот за кутии или велосипеди; и со четири (Combo) или шест држачи (Zafira Life) со кои багажот може да се обезбеди. Во Combo Life, “best Buy Car in Europe 2019”, опционална мрежа го одделува патничкиот простор од багажникот. Покрај тоа, голем број додатоци, како што се разни душеци и подни покривки со анти-лизгачки слоеви, го штитат багажниот простор од удари и гребнатинки кои често се појавуваат за време на товарење и растоварање.

Дополнителен, исклучително практичен додаток за одмор е двонасочната, преклоплива транспортна кутија со димензии 61x34x31см. Може да носат многу помали предмети, како што се картички или книги кои инаку би останале расфрлани наоколу. Ако кутијата е испразнета и повеќе не е потребна на дестинацијата, може да се склопи до дебелина од само 3,0см.

Безбедност за сите: Специјални седишта и ремени за мали патници

Opel исто така размислува за безбедноста на најмладите патници и нуди детски седишта и системи за деца од сите возрасни групи (стандард ECE-R 44/04), прилагодени за секој модел. Во Combo Life, на пример, во вториот ред може да се инсталираат три детски седишта едно до друго. Седиштата може лесно да се наместат благодарение на ISOFIX приклучоците или стандардни ремени со три точки на затегање.

Последно, но не и најмалку важно, четириножните членови на семејството често се исто така важни. Така е и со безбедноста за нив. Кучињата кои тежат до 8 килограми можат да се вози безбедно и опуштено на задното седиште, благодарение на специјалниот безбедносен ремен за кучешкиот појас; и кога удобно седи на кучешкото ќебе, седиштата се заштитени. Алтернативно, кучињата можат да легнат на подот покривот на багажникот со анти-лизгачки слој, како и во Grandland X.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Renault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

    Renault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

    Француски Renault формирал заедничко вложување со кинески Jiangling Motors Corporation Group (JMCG) за производство на електрични автомобили наменети за пазарот во Кина. Француската компанија соопшти дека…

  • Медиуми: Volkswagen се уште не одлучил каде да изгради фабрика

    Медиуми: Volkswagen се уште не одлучил каде да изгради фабрика

    Автомобилскиот гигант Volkswagen сè уште не одлучил каде ќе гради нова фабрика, направен e краток избор, а конечната одлука ќе биде донесена врз основа на…

  • BMW M1 не доби зелено светло, но за утеха пристигнува новиот M2

    BMW M1 не доби зелено светло, но за утеха пристигнува новиот M2

    BMW M135i ќе остане и понатаму најсилната верзија на Серија 1. Иако новиот BMW Серија 1 има потенцијал за моќна “hoit hatch” M верзија, германскиот…

  • Volkswagen избра: Турција ја ”победи” Србија и Бугарија

    Volkswagen избра: Турција ја ”победи” Србија и Бугарија

    Надзорниот одбор на Volkswagen објави дека избрал локација за фабрика во близина на западниот крајбрежен град Измир. Очигледно, во новата фабрика во Турција ќе прават Škoda…

  • Штo е тоа ”големо” што го подготвил Hyundai за Европа?

    Штo е тоа ”големо” што го подготвил Hyundai за Европа?

    Јужнoкорејскиот Hyundai објави “голем напад” на европскиот пазар со нов модел. Hyundai за септемврискиот саем на автомобили во Франкфурт најави модел кој ќе донесе најдобра…

  • Легендарната “буба” стигна на крајот од патот

    Легендарната “буба” стигна на крајот од патот

    Германскиот производител на автомобили Фолксваген оваа недела го завршува производството на својот последен модел на популарната “буба” во фабриката Пуебла во Мексико. АП вели дека…

  • Електричниот Porsche дебитираше на Goodwood (видео)

    Електричниот Porsche дебитираше на Goodwood (видео)

    Дискретно “маскиран” Porsche Taycan се појави минатиов викенд прв пат пред публиката на манифестацијата “Goodwood Festival of Speed” во Англија. Во пресрет на долго очекуваната светска премиера…

  • До 19 проценти пониски CO2: најефикасната Astra досега

    До 19 проценти пониски CO2: најефикасната Astra досега

    * Мотори од новата генерација: за минимална потрошувачка и ниски емисии * Нов стандард за емисии: сите мотори веќе ги исполнуваат Еуро 6d барањата *…

  • Официјална промоција на новата ŠKODA SCALA(фото)

    Официјална промоција на новата ŠKODA SCALA(фото)

    Храброста нѐ движи напред! Пред македонските новинари во салонот на ŠKODA, денес официјално беше претставен новиот член на семејството на ŠKODA – новата SCALA. Овој…

  • Половина од продадените автомобили во Норвешка се електрични

    Половина од продадените автомобили во Норвешка се електрични

    Норвешка е прва во светот по бројот на продадени електрични возила – дури 48,4 проценти од сите нови автомобили продадени во првата половина од оваа…