15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПомеѓу Huawei и Xiaomi: Новaта Nokia со 6GB RAM и 48MP камера...

Помеѓу Huawei и Xiaomi: Новaта Nokia со 6GB RAM и 48MP камера со одлична цена (фото)

Најновиот модел на паметен телефон од Nokia носи ознака X71, има голем LCD FHD+ екран со дијагонала од 6,39 инчи со сооднос  19,3: 9 со “hole-punch” дупче за селфи камера, како и тројна предна камера од 48 мегапиксели, со сертификат Zeiss.

И сето ова доаѓа по цена од само 385 долари (345 евра), колку што чини новиот модел во Тајван, каде што телефонот дебитираше. Не е исклучено дека X71 наскоро може да дојде во западниот дел на светот (под името Nokia 8.1 Plus), според GSM Arena.

Овој телефон по ценовната категорија позициониран e помеѓу моделите Huawei Nova 4 (490 долари) и Xiaomi Redmi Note 7 Pro (203 долари), со што заедничко е дека сите тие имаат камери од 48 мегапиксели.

Nokia X71, смартфон од средна класа кој го движи Snapdragon 660 процесор, доаѓа со 6GB RAM меморија и 128 GB меморија за складирање на податоци, кој може да се прошири со помош на мемориската картичка, пренесува Engadget.

Уредот користи оперативен систем Android Pie, а сето тоа го напојува батерија со капацитет од 3.500 mAh.

Продажбата на новата Nokia ќе започне на 30-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП