8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕлектричен автобус од 27 метри тргна за Колумбија(видео)

Електричен автобус од 27 метри тргна за Колумбија(видео)

BYD го претстави најдолгиот електричен автобус во светот, K12A. Долг 27 метри, црвениот двозглобен автобус изгледа како гигантска гасеница.

Тој може да прими до 250 луѓе, достигнувајќи максимална брзина од околу 64 км/ч и над 299 километри со едно полнење. Автобусот тргна за Колумбија, каде што ќе биде дел од TransMilenio брзиот транзитен систем (BRT).

На Твитер, BYD вети дека ова не е првоаприлска шега. Може да им се верува, бидејќи во јануари компанијата го лансираше најголемиот електричен автобус со две врати во светот. BYD му помогна на Uber да ги тестира електричните возила, а компанијата беше зафатена со производство на електрични автобуси. Таа произведе повеќе од 50.000 во изминатите девет години. Ако не сте во можност да ја посетите Колумбија видете ја оваа најнова креација на твитот подолу.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП