25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛансирана нова апликација - "Мои Доктори"

Лансирана нова апликација – “Мои Доктори”

Вчера официјално беше лансирана новата апликацијата Мои Доктори (https://moidoktori.mk) која има за цел да го олесни барањето на слободни термини во рамките на Мој Термин.

Мои Доктори (https://moidoktori.mk) е веб апликација во која се внесува името на специјалистот и апликацијата сама проверува и ги известува корисниците кога нови слободни термини ќе се отворат на Мој Термин. Со тоа се ослободуваат граѓаните од постојано проверување и предвидување кога ќе се отворат термини. Можеби и побитно, целиот процес станува транспарентен бидејќи секој добива ист пристап до информации, и се елиминира моментот каде луѓе блиски до докторите или администрацијата добиваат бенефициран пристап до термини.

“Идејата за апликацијата потекнува од имање на истиот проблем. Ми требаше да закажам термин но и кога нови термини ќе се отвореа, многу брзо се земаа и на крај отидов приватно. Реалноста во Македонија е дека не сите ја имаат таа можност. Има многу кои чекаат со месеци за одреден термин. Бидејќи знаев дека термините се јавно достапни, знаев дека и има лесно решение за проблемот”, вели Љупчо Наумов, еден од основачите на апликацијата.

“За техничката реализација на идејата е заслужен Томас Воксеп (@tomaswoksepp) од Шведска. Бевме во контакт поради мојата магистерска работа на тема независни програмери. Бидејќи Томас заедно со неговата девојка постојано патуваат како дигитални номади, ги убедив да останат еден месец во Скопје. Откако пристигнаа, му ја презентирав идејата, и веќе истата вечер имавме функционален прототип на апликацијата. Со повеќе недели работа и доста проблеми со мејлови, апликацијата денес е комплетно функционална и спремна за корисници”, додава Наумов.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП